мн. балалајки
Вид збор: Именка, женски род
Вид руска триаголна тамбура со три жици.
мн
Вид збор: Именка, женски род
Балетска уметница, балетска танчарка.
Примери:
Живееше со една балерина.
мн балети
Вид збор: Именка, машки род
Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти.
Англиски:
ballet
Албански:
balet
Примери:
Немаме класичен балет, но го имаме Тешкото.
Уметност на балетската игра.
Англиски:
ballet
Албански:
balet
Театарски ансамбл што изведува балет.
Англиски:
ballet
Албански:
balet
Примери:
Член на балетот при Македонскиот народен театар.
мн. балетани
Вид збор: Именка, машки род
балетски уметник, балетски танчар
Примери:
На сцената излегуваат тројца балетани.
мн. балетанки
Вид збор: Именка, женски род
(пообично во мн.) Обувки што ги носат балетските уметници при настап.
Вид збор: Придавка
балетски
Примери:
На подиумот се изведува балетна точка.
Вид збор: Придавка
Што е во врска со балет.
Примери:
балетско училиште
мн. банди
Вид збор: Именка, женски род
Оркестар (особено воен) од лимени инструменти.
Англиски:
band
Албански:
bandë, orkestër
мн. бандаџии
Вид збор: Именка, машки род
Член на музичка банда, музикант.
мн. бандероли
Вид збор: Именка, женски род
Пискул или гајтан на труба.
Лента на која виси барабанот.
мн. барабани
Вид збор: Именка, машки род
Ударен музички инструмент со цилиндрична форма, обложен од двете страни со кожа.
Англиски:
drum
Албански:
trumpetë
Примери:
Барабаните бијат зачестено.
Вид збор: Именка, машки род
мн. барабанџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што удира на барабан во оркестар, музичар што исполнува партии за барабан.
Англиски:
drummer
Албански:
trompetist
Примери:
Тој бил царски барабанџија.
мн. баритони
Вид збор: Именка, машки род
Машки глас меѓу бас и тенор, длабок тенор или висок бас.
Примери:
Го чув пробивниот баритон на отецот.
Вид збор: Придавка
Што е во врска со баритон.
Примери:
Баритонски глас.
мн. басови
Вид збор: Именка, машки род
Најдлабокиот машки глас.
Англиски:
bass
Албански:
bas
Примери:
Чорбаџијата викна со дебелиот бас.
Пејач со таков глас.
Англиски:
bass
Албански:
bas
Примери:
Тој се усоврши кај познатиот светски бас Николај Ѓауров.
Инструмент што дава длабоки тонови.
Англиски:
bass
Албански:
bas
Примери:
Басот како инструмент многу често се користи во џез-музиката.
мн. басисти
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на инструментот бас.
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Италијански начин на оперско пеење што ја истакнува убавината на гласот и вокалната техника.
мн. бемоли
Вид збор: Именка, машки род
Знак во музиката (♭) за снижен полутон од назначениот.
Примери:
симфонија во си бемол
мн. бендови
Вид збор: Именка, машки род
Помала инструментална група, мал оркестар.
Англиски:
band
Албански:
bandë
Примери:
Тоа е нов бенд на музичката сцена.
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
музички инструмент
Примери:
Бенџото е жичен инструмент.
мн. бисерници
Вид збор: Именка, женски род
Тамбура со врвен квалитет, со примат кај овој вид инструменти.
Примери:
Звук од бисерница.
благогласниот
Вид збор: Придавка
Што е со благ глас, милозвучен.
Примери:
Благогласна песна.
Вид збор: Именка, женски род
Музика што се изведува на лимени дувачки инструменти.
Примери:
Дочек со блех-музика, народни песни и ора.
блех-оркестар
повеќе
мн. блех-оркестри
Вид збор: Именка, машки род
Оркестар составен од блех-инструменти.
Примери:
Еден од најпознатите и најпопуларните блех-оркестри во светот.
(едн.) блузот
Вид збор: Именка, машки род
Стил во музиката, песни, музика со меланхоличен призвук, карактеристичен за американските црнци.
Примери:
Блузот - тоа е гласот на црна Америка.
мн. брмчала
Вид збор: Именка, среден род
Дел од гајдата низ кој таа испушта звук на брмчење.
Примери:
Дулецот, писката и брмчалото ги подмачкуваат со маслиново масло за да не се исушат и да испукаат.
мн. брчала
Вид збор: Именка, среден род
Дел од гајдата кој дава монотон низок тон.
Примери:
Стана, им отиде на гајдаџиите, им ги затна брчалата и запреа свирките.
Вид збор: Именка, машки род
жичен музички инструмент
Примери:
Без бузуки и сиртаки нема пречек на Нова година.
мн. бургии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од музички инструмент.
Албански:
pjes instrumenti të muzikës